УЕФА демантира дека СЗО предложиле прекин на фудбалот до крајот на 2021 година
Европската фудбалска централа (УЕФА) ги негираше извештаите во медиумите дека е направено барање од Светската здравствена организација (СЗО) да се стопираат сите натпревари до крајот на 2021 година.
Италијанскиот весник „Република“ објави дека радикален предлог да се запре фудбалот на 18 месеци пристигнал од СЗО, но портпарол на УЕФА тврди поинаку.
– Тоа не е точно. Ваква препорака од СЗО никогаш не пристигнала, изјави портпаролот на УЕФА, додавајќи дека целта е да се завршат актуелните натпреварувања по завршувањето на пандемијата од коронавирусот.
УЕФА во вторникот имаше состанок, на кој беа донесени нови решенија за завршување на фудбалските лиги, преместување на финалињата на Лигата на шампионите и Лигата на Европа, како и нови термини за баражите за ЕП 2021.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија