Loading Video...
Фудбал
6. April 2020 - 12:41

УЕФА ги демантираше пишувањата по изјавата на претседателот Чеферин

Европската фудбалска федерација (УЕФА) има намера да стави крај на прекинатата сезона во европските купови. Ова како заклучок произлегува од демантот на УЕФА објавен на коментарот на нејзиниот претседател Александер Чеферин
 
Откако Чеферин пред два дена во интервју за германската телевизија ЗДФ најави дека сезоната во Лига на шампиони мора да заврши најдоцна до 3 август, денеска пристигна демант од УЕФА.
 
Како што пренесуваат битанските медиуми, нивниот претседател не бил добро разбран.
 
„ Тоа не е точно. Претседателот беше многу јасен, да не ги одреди точните датуми за крајот на сезоната. Затоа беше формирана работната група на 17 март. Примарен приоритет на сите членови на работната група е зачувување на јавното здравство. Потоа, треба да се најдат решенија за календари за завршување на сите натпревари. Во моментов се разгледуваат сите опциите за играње натпревари во јули и во август, доколку е потребно, но тоа ќе зависност од дозволата на националните власти односно рестартирање на националните шампионати“, истакнуваат од УЕФА.