Loading Video...
Фудбал
2. јуни 2023 - 19:54

УЕФА отвори истрага против Мурињо

УЕФА официјално отвори истрага против Жозе Мурињо откако португалскиот тренер го нападна англискиот судија Ентони Тејлор по финалето на Лига Европа. Севиља освои уште една титула по подоброто изведување пенали, а Мурињо збесна на англискиот судија за некои одлуки. 
Тој по натпреварот го чекаше пред автобусот на неговиот тим и вербално се судри со него, го навредуваше, а сега УЕФА излезе со соопштение во кое наведува дека покренала истрага против „Специјалниот “ за навреда на судијата“. 
И двата клуба беа обвинети за однесувањето на навивачите и фрлањето на предмети на теренот како и многу други неправилности, а Севиља ќе мора да плати казна бидејќи дел од навивачите втрчаа на теренот по крајот на натпреварот. Уапсени се и двајца навивачи, кои се осомничени дека фрлиле стол кон главниот судија Тејлор!
Дел од навивачите на Рома се обидоа да го нападнат англискиот судија пред хотелот но полицијата навреме ги смири страстите.