УГД станува хаб за сајбер одбрана во регионот
На УГД промовиран новиот регионален центар за сајбер безбедност, на кој ќе се приклучат Албанија и Црна Гора. Главната улога на Центарот е да им овозможи поголема безбедност на инситуциите од сајбер заканите, а ќе креира и експерти кои подоцна ќе оформуваат домашни стручни кадри.
- Ова е Центар кој ги обединува Владата, инситуциите на Владата и Акдемијата која треба да ги развие луѓето кои во иднина ќе работат во МВР и кои ќе бидат подготвени да одговорат на својата функција. Значи, програми, практична настава, спремни да влезат во инситуциите за да ја направат таа одбрана, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.
Центарот не е само инвестиција во високо технолошка и напредна опрема, туку ќе ги инкорпорира и стручните лица од областа на информациските технилоги, правото, економијата, електрониката и форензиката, како и вештачката интелигенција, за да се справат со новите предизвици на современото општество.
- Имаме сајбер стратегија до 2028-ма година, за прв пат имаме Закон за безбедност на мрежи и информациски системи, го формираме владиниот центар за одговор на сајбер инциденти, со помош на САД и ЕУ. Вложивме повеќе од 80 милиони денари буџетски средства и дополнитени 30 милиони од ЕУ и останатите наши меѓународни партнери за техничка помош, изјави Стефан Андоновски, министер за информатичкото општество.
Андоновски додаде дека, сајбер отпорноста се гради преку луѓе, знаење и партнерства, а не само преку закони и институции.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
