Бизнис
27. May 2020 - 16:46

Угостителите ги прават последните подготовки, од утре стартуваат со работа

Утре отвараат кафеаните, рестораните и кафулињата. По два месеци неработење, сопствениците ќе можат да ги примаат своите гости и тоа од 8 до 22 часот.

На една маса ќе можат да седат најмногу четири лица и тие не мора бидат од исто семејство како што првично се бараше. Во оваа фаза ќе биде дозволено да се користат само летните тераси.

По најавата за отворањето, дел од угостителите денеска на големо ги подготвуваа летните тераси. 

Според протоколот вработените во објектите кои ќе послужуваат задолжително треба да носат заштитна маска и постојано да вршат дезинфекција на рацете. На секоја маса треба да има средство за дезинфенција. Не е дозволено да се послужуваат гости на стоење на шанк, редовоно треба да се одржуваат тоалетите. Гостите исто така треба да носат заштитна маска кога ќе влезат во објектот. Засега прослави не се дозволени.

Угостителството е една од најпогодените сектори од кризата со вирусот. Први добија забрана за работа, а последни ќе отворат.