Бизнис
20. January 2021 - 16:33

Угостителите и дадоа рок на владата од 5 дена да ги прифати нивните барања

Угостителите и дадоа 5 дена рок на Владата да ги усвои нивните барања. Незадоволни и револтирани од тоа што со првите мерки од новиот пакет, владата реши да поддржи компании кои многу подобро работат од нив, побараа итна средба со владини претставници и до 25 јанаури да се прифатат нивните предлози, во спротивно ќе превземат порадикални мерки.

Владата, со донесената прва мерка од петтиот антикризен пакет, на ‘локомотивите’ – членки на Стопанската комора им подари 162,4 милиони евра, а на угостителите и натаму неосновано и неоправдано со времена одлука им го цепка и ограничува работното време и правото на работа.

- Со вчерашните изјави на министерот Крешник Бектеши и вицепремиерот Фатмир Битиќи, како угостители, доживеавме ладен туш среде зима, дознавајќи дека првата одлука од очекуваниот 5. сет мерки е новогодишен подарок и честитка за ‘локомотивите’ на Стопанската комора“, се вели во реакцијата на НУК.

Вицепремиерот Битиќи не се согласува со тврдењата на угостителите. Вели дека тие не се заборавени. Како и сите други сектори, досега биле финансиски поддржани и ќе продолжат да ги помагаат.

Угостителите од утре ќе работат до 21 часот. Битиќи уверува дека следната недела ќе се разгледува и можноста нивното работно време да се продолжи до 23 часот.

Едни од поважните барањата на угостителите е целосно укинување на ограничувањата на работнот време, нови протокли со кои ќе може да функционира целата индустрија и изедначување на ДДВ  за сите угостителски услуги.