Бизнис
18. January 2021 - 19:46

Угостителите со ново работно време, конечната одлука ќе ја носи Комисијата за заразни болести

Ќе им се дозволи ли на угостителите да работат до 23 часот? Министерот за економија Бектеши очекува тие од 21 јануари да работата и по 21 часот, со оглед на тоа што епидемиолошката состојба во земјава е подобрена. Вели дека во игра се повеќе опции, но крајниот збор ќе го има Комисијата за заразни болести.

Угостителите велат без разлика каква одлука и да се донесе ќе ја почитуваат, но ќе продолжат да се борат во идина да немаат повеќе ограничувања во работата и да добијат нови протколи за да може да функционира целата индустрија.

Како најпогоден сектор бараат да бидат опфатени со посебен сет на мерки кои ќе се договорат во консултација со нив.

До 21 јанури угостителите ќе работата до 18 часот, а потоа ќе се одлучи дали тие ќе примаат гости до 21 или до подоцна. Мерка на крајот на минатата година се донесе за да се намали ширењето на заразата. Но според пресметките на угостителите поради ваквото ограничување нивните загуби ќе достигнат и до 50 милиони евра.