Македонија
27. March 2023 - 12:02

УХМР: Нестабилно со врнежи од дожд, силен ветер и заладување

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денеска ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, локално над 70 километри на час. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во вечерните часови ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе услови брзо опаѓање на температурите, поради што на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег.

Во Скопје, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од југоисточен, а во вечерните часови од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Утре ќе биде ветровито и студено со значително пониски дневни температури. Ќе дува силен северен ветер, наместа со брзина и над 80 километри на час. На планините повремено ќе провејува снег.