Македонија
27. September 2024 - 12:28

УЈП најави строги контроли на претстојните „Денови на кочанскиот ориз“

Строги контроли на финансиското работење на правните и физичките лица кои ќе постават свои штандови на претстојната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, најави регионалната дирекција на Управата за јавни приходи. Субјетите кои планираат да учествуваат, треба да се пријават за извршување трговска и занаетчиска дејност и да користат одобрен фискален систем на опрема.

- Нивната обврска е да издаваат фискални сметки, да имаат налепница, за граѓанинот да  знае дека и тој има обврска да си ја побара фискалната сметка. Оставарениот промет имаат обврска да го уплатат во текот на наредните денови, изјави Маре Данкова, регионален портпарол на Управата за јавни приходи.

Освен правните, можат да учествуваат и физички лица кои се занимаваат со дејност од времен карактер, односно улични продавачите на пуканки, палачинки, кафе, сокови и слично.

- Тие имаат обврска до Управата за јавни приходи да поднесат барање за паушално плаќање на данок на личен доход. Тоа барање се пополнува едноставно со внесување на име, презиме, матичен број и задолжително се внесува дека барањето се однесува за времен карактер. Значи, колку денови ќе биде, толку треба да биде наведено во барањето. Повратно, УЈП издава решение, со кое добива налог за плаќање, со кое физичкото лице има обрска да го плати одредениот данок, додаде Данкова

За физичките лица кои нема да поднесат барање до УЈП, ќе им се изрече глоба во висина од 50 до 250 евра во денарска против вредност. Правните лица пак, кои нема да издаваат фискални сметки се соочуваат со глоба од 300 до 10 000 евра, во зависност од тоа како е регистриран субјектот.