Македонија
21. September 2020 - 19:52

Украден мртовец од струмичката болница, лекарите се сомневаат дека бил Ковид позитивен

Вистинска драма се случувала утрово на инфективното одделение во Струмица. Семејството чиј близок починал, без дозвола и надвор од сите протоколи на сила го зеле телото и со болничкиот кревет го изнеле пред болницата по што починатиот го префрлиле во комби возило и го однеле дома. Директорот на болницата го потврди случајот. Тој информираше дека пациентот кој имал отежнато дишење, омалаксаност, покачен крвен притисок и шеќер  на одделението бил примен околу девет часот претпладне. Веднаш бил прегледан, дадена потребната терапија и вклучен кислород. Но после дваесетина минути состојбата му се влошила по што тој починал.

Дали 49 годишниот пациент бил инфициран со корона вирус не може да се каже бидејќи лекарите не успеале да му направат тест.

Освен болничкото обезбедување интервенирала и полицијата. Од таму во кусото соопштение информираа дека пријавата од страна општата болница кај нив била добиена во 9 и 30 часот и дека во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.