Македонија
26. February 2021 - 16:45

Украдени пари од манастирот „Св Димитрија“ кај Велес

Непознат сторител ноќта меѓу 24 и 25 февруари извршил кражба во црквата во манастирот „Св. Димитрија“ во Велес. 

-Во СВР Велес синоќа  е пријавено дека во периодот од 16.30 часот на 24 февруари 2021 до 07.30 часот на 25 февруари 2021 непознат сторител со употреба на сила и подесен алат влегол во црквата во манастирот „Св.Димитрија“ на ул.„Д.Најдов“ во Велес и одзел пари, информира попладнево портпаролот Верољуб Додевски.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот,најави Додевски.