Украина со беспилотни летала нападна четири руски рафинерии
Украинската армија соопшти дека денеска извршила напади со беспилотни летала врз четири рафинерии, радарски станици и други воени цели на територијата на Русија.
Наведено е дека украинските беспилотни летала ги нападнале рафинериите Афипски, Илиски, Краснодар и Астрахан.
Руската армија објави дека завчера соборила 70 украински беспилотни летала над Црното Море и Крим, 43 во Краснодарската област и едно беспилотно летало над Волгоград.
Се тврди дека рафинериите Афипски, Илски и Краснодар ја снабдуваат со гориво руската Црноморска флота.
Украинската војска соопшти дека нападнала и радарски станици и центри за собирање електронски податоци во Брјанската област и Крим, како и магацини за беспилотни летала и командни и контролни центри во Краснодар.
Ново на Сител
-
Анкета на Ипсос/Ројтерс: Харис води пред Трамп во однос 47:42
-
„Тајмс“: САД нема да дозволат Украина да користи „АТАКМС“ во Русија
-
Харис бара уште една претседателска дебата, Трамп вели дека нема потреба
-
Северна Кореја првпат призна дека има инсталација за збогатување ураниум
-
Муцунски се сретна со нерезидентни амбасадори
-
АЦВ постапува по пријавениот настан за избегнат судир на два авиона над Скопје
-
Крадел електрични тротинети и велосипеди, уапсен крадец од Желино
-
Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз