Свет
11. March 2022 - 8:57

Украинците создадоа дрон што фрла Молотови коктели

Украинската армија разви беспилотно летало што фрла Молотови коктели кон непријателот, па едно шише пиво е денес оружје, пишува денеска Њујорк пост.

Станува збор за мал дрон, развиен од единица на украинската армија. Во средината на конзолата е направено место каде Молотовиот коктел е поставен хоризонтално, пред далечински да биде фрлен врз непријателот, што беше направено во една област во Киев.
 
Украинците секојдневно користат Молотови коктели во борба против руската армија.