Украински власти: Во рускиот напад на Киев загинаа девет лица, а 63 се ранети

Најмалку девет лица загинаа, а 63 се ранети во руски ракетен напад врз Киев, соопшти утрово украинската служба за итни случаи.
Меѓу повредените има и деца.
„Гардијан“ пренесува дека станува збор за еден од најсмртоносните напади врз главниот град на Украина од почетокот на тригодишната војна.
„Девет лица загинаа, 63 се повредени, од кои 42 хоспитализирани лица, како и шест деца“, го соопштија киевските власти привремениот биланс на жртви.
Украинските власти рано утринава издадоа предупредување за опасност од ракетен напад, а новинарите на западните медиуми пренесуваат дека рано утринава слушнале експлозии низ главниот град.
„Русија започна масовен комбиниран напад врз Киев“, се наведува во соопштението на украинските власти на Телеграм.
Причинета е штета во пет населби низ Киев, а во нападот се оштетени и станбени згради.
„Потрагата по преживеани меѓу урнатините е во тек“, се додава во соопштението на киевските власти.
Ново на Сител
-

Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје
-

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
