Украинскиот амбасадор во ОБСЕ: Не можеме да ја градиме иднината на ОБСЕ, со земја која ја киднапира нашата иднина

Украинскиот амбасадор во ОБСЕ, Евгениј Цимбаљук во обраќањето на 30. Министерски самит на ОБСЕ во Скопје, изрази благодарност до сите земји за поддршката на Украина во борбата за слобода против Русија, со кое, како што рече, придонесуваат и за одбрана на иднината на ОБСЕ.
Цимбаљук, симболично во своето обраќање, пред делегатите покажа и пет зрна изгорени од Русија со ирански дрон, објаснувајќи дека Русија досега има уништено стотици илјадници тони житарки, со што, како што нагласи, остави многу семејства низ целиот свет без храна.
- На светот му треба вакцина против обидите за користење на храната како оружје, нагласи Цимбаљук.
ОБСЕ во изминатите две години, според Цимбаљук, покажа дека е најкорисно, кога ги игнорира уцените од Русија, и кога со неа се зборува од позиција на обединетост и морално право.
- Во спротивно Русија ќе бара, уште и уште отстапки. Јасно е дека не можеме да ја градиме иднината на ОБСЕ, со земја која ја киднапира нашата иднина и нашите деца, порача Цимбаљук.
Во десетата година од анексијата на Крим, во 2024 година, според Цимбаљук, ОБСЕ како никогаш досега има потреба од силно лидерство од одбрана на принципите на Организацијата, со дополнителна изолација на Русија и нејзините малигни акции во рамките на истата.
Ново на Сител
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026
-

Обид за опожарување на објектот на еврејската заедница во Македонија и синагогата
-

Џон Кери: Нетанјаху предлагал напад врз Иран на претходни американски претседатели, сите одбиле
-

Папата Лав XIV им честиташе Велигден на верниците кои денеска го слават
-

Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје
-

Техеран: Ормуската Теснина е целосно под контрола на Иран
-

Во вторник во Вашингтон почнуваат преговорите меѓу Израел и Либан
-

Од вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
