Унгарија уште на 5 август го одбила барањето за екстрадиција на Груевски
Министерството за правда уште на 5 август го примило единственото известување дека Врховниот регионален суд донел конечна одлука, дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, бидејќи на негово барање му е одобрен азил во Унгарија, потврдија за МИА од Министерството за правда, нагласувајќи дека формалното известување за ова не е нова вест.
– „Согласно акт бр XXXVIII за меѓународна правна помош во кривични предмети, лице на кое му е даден азил нема да се екстрадира во државата од која избегал“. Затоа Министерството за правда на Унгарија го одбива барањето за екстрадиција, стои во известувањето кое нашето Министерство го добило на почетокот на август.
Министерството за правда два пати бараше екстрадиција на Груевски – како осуден во случајот „Тенк“ и како осомничен за настаните од 27 април 2017 година.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука