УНИЦЕФ повикува на поголема заштита за децата мигранти
Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ) повика на подобра заштита за децата мигранти кои без придружба ги преминуваат границите.
Тие претставуваат посебно ранлива категорија изложена на експлоатација и злоупотреба.
Во најновиот извештај, Фондот за деца при Обединетите Нации, наведе дека 170.000 деца без придружба од возрасни лица побарале азил во Европа во 2015-2016 година.
Речиси сите малолетници кои го преминале Средоземното Море од Либија до Италија во текот на минатата и оваа година пристигнале сами, стои во извештајот на УНИЦЕФ.
Тие стануваат „плен“ на лицата кои извршуваат нелегална трговија со луѓе, како и други облици на злоупотреба.
УНИЦЕФ ја повика групата Г-7 да направи повеќе за подобра заштита на правата на децата миграти, како и да ги зајакни напорите со цел да ги одржи семејствата на бегалците заедно и да обезбеди образование и здравствена нега за малолетниците.
Ново на Сител
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари