Свет
3. July 2024 - 8:47

Ураган на Карибите, има почнати и исчезнати

Најмалку шест лица загинаа, а пет се водат како исчезнати откако ураганот Берил го погоди југоисточниот дел на Карибите и почна да се движи кон Јамајка.

Три лица загинаа во Гренада, едно во Сент Винсент и Гренадини, додека двајца загинаа во северна Венецуела, каде пет лица се водат како исчезнати, соопштија официјални лица.

Во сила е предупредувањето за ураган за Јамајка, како и Кајманските Острови – Гранд Кајман, Малиот Кајман и Кајман Брач.

Берил е ослабен, но се прогнозира дека се уште ќе биде со јачина на ураган кога денеска ќе треба да помине близу или над Јамајка, утре во близина на Кајманските острови и во петок над мексиканскиот полуостров Јукатан, соопшти американскиот Национален центар за урагани.