Македонија
30. March 2020 - 17:12

Уште еден смртен случај на инфективна, 26 нови случаи на корона вирус во земјава

79-годишен жител на Дебар е последната жртва на корона вирусот. Починал на инфективната клиника во Скопје а болеста кај него била откриена пред една недела. Можна жртва на КОВИД-19  е и пациента од Струга која се лекувала во тамошната болница.Од министесрството за здравство велат дека таа ги поседувала симптоимите на болеста па дополнително ќе се прави тест за корона.

Во меѓу време расте и бројот на ново заразени, денеска се регистрирани нови 26 случаи,  19 се од Скопје, а на листата градови во кои има заразени, се впиша и Крива Паланка.  8-мина од ново заболените се вработени во заводот за рехабилитација во Козле.

Од здравство велат дека дневно во државата се прават до 300 тестови за корона. Министерот очекува бројот на проверки да се зголеми по вклучување на приватните лаборатории.

За непочитување на здравствените прописи во време на пандемија, дополнителниот заменик министер за внатрешни откри дека е поднесена кривична пријава за скопјанец кој не ја почитувал мерката за самоизолација.

Во меѓувреме Владата најави низа мерки за справување со корона вирусот. На денешната седница донела одлука за зголемување на сместувачките капацитети за превенција од ширење на болеста за што ќе се користат ученичките и студентски домови.

Се бара НАТО да го активира механизмот за цивилна заштита во услови на вонредни состојби на Евро-атланскиот Центар за координиран одговор во случаи на катастрофа.

Со одлука на владата се замрзнуваат и роковите за застарување на тековните судски постапки. Се продолжува и мандатот на судиите поротници.

Од работни обврски се ослободуваат слепите, лицата кои се движат со инвладиска количка и лица со тешка телесна или умерена интелектуална попречност.

Сопствениците на миленици пак ќе може во викенд да ги шетаат своите миленици во времето од 20 до 20:30 часот, но не подалеку од 100 метри од местото на живеење.