Loading Video...
Свет
28. јуни 2020 - 16:32

Уште едно убиено лице за време на демонстрациите во САД

Уште едно убиено лице за време на демонстрациите во САД, кои веќе подолго време се секојдневие, а граѓаните протестираат против полициската бруталност.

Демонстрантите се собрале на уште еден мирен протест во Кентаки но, полициските службеници ги предупредиле да си одат од паркот, а доколку не го сторат тоа се заканиле дека ќе пукаат и апсат. Откако насобраните граѓани не се разотишле полицијата отворила оган.

Иако започнаа како антирасистички, протестите во САД добија нов тек. Граѓаните сега бараат од властите да го намалат буџетот на полицијата, а парите да се пренасочат за финансирање на други потреби на жителите, како домување и образование.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, верува дека доколку сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, добие втор мандат, позицијата на Србија би била нешто полесна.

Вучиќ изјави дека не верува во големи, туку во мали промени во американската политика, што би биле од големо значење за Србија.
Сепак, во врска со таквата изјава Вучиќ вели дека не може да зборува за деталите бидејќи тоа ќе ја влоши позицијата на Србија, но и ќе ги стави американските партнери во незавидна позиција.
Инаку, Доналд Трамп минатиот викенд го одржа својот прв митинг, откако поради пандемијата привремено беа запрени предизборните активности.

Бројката на инфицирани од Ковид-19 во светски рамки надмина 10 милиони, а вирусот одзеде речиси половина милион животи.

Но, здравствените власти ги загрижува тоа што повторно се зголемуваат кластерите во Европа. Сметаат дека пандемијата е далеку од завршена, особено затоа што вирусот повторно се појавува во региони, каде се сметаше дека веќе се избориле со овој здравствен проблем.
Властите во Европа ги повикуваат граѓаните да се однесуваат одговорно и да продолжат да ги почитуваат превентивните мерки.