Македонија
12. January 2024 - 16:38

Успешно спасени две лица заглавени во снег на планината Галичица

Единицата за спасување на планина од Охрид спроведе успешна акција за евакуација на заглавени лица на планината Галичица.

Според соопштението од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), денеска во 12:56 часот од единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за заглавени две лица во снегот со возило „Мерцедес“ на Галичица во близина на црквата Св. Наум, на патниот правец што е затворен за сообраќај.

Од ЦУК веднаш била известена Единицата за спасување на планина од Охрид, од каде во оптимално брзо време биле лоцирани и спасени заглавени две лица во снегот на Галичица, а извлечено е и заглавеното возило .

Акцијата била комплетно и успешно заокружена во 14:15 часот.