Уставниот суд на Полска прогласи за неуставни низа мерки на Владата

Полскиот Уставен суд прогласи за неуставни низа мерки и прописи на новата Влада на премиерката Беата Шидло.
Одлуката е донесена по дводневно заседание на Судот, но Владата навести дека нема да ги прифати одлуките на уставните судии, што според правни експерти на кои се повикуваат медиумите во Варшава, претставува „увод во уставна криза“.
Решенијата на Уставниот суд доаѓаат по усвојувањето на новите прописи за работењето неговото работење, што ги донесе новата конзервативна Влада уште на стартот од нејзиниот мандат во октомври минатата година.
Со измените зголемен е бројот на членовите на Судот на 15 и доизбрани се судии блиски до владејачката десна популистичка партија Право и правда (ПиС), а определено е и дека за полноважност на одлуките потребно е двотретинско мнозинство.
Владата одреди и правила за тоа по кој ред и како ќе се определуваат случаите за кои ќе расправа Уставниот суд на Полска.
Ваквото решение на Владата предизвика бурни протести на опозицијата и на разни продемократски организации и здруженија кои организираа бројни демонстрации во Варшава и низ земјата.
Според полските медиуми, Владата нема да ги смета за „валидни“ одлуките на Уставниот суд, затоа што не се донесени според новите правила и прописи. Судот, пак, не работел според нив, затоа што на заседанието ги прогласил за неуставни.
Опозицијата и критичарите на владините мерки тврдат дека со нив Уставниот суд практично не ќе може да ја испитува уставноста на законите и прописите што ги донесува Владата.
Европската комисија уште претходно покрена истрага за тоа дали новите законски мерки на полската Влада се во согласност со демократските правила и норми на ЕУ, а со осуда реагираше и Советот на Европа.
Ново на Сител
-

Зеленски пристигна во Истанбул на разговори со Ердоган
-

Иран им дозволи на хуманитарните бродови да поминат низ Ормуската Теснина
-

„Нов живот за езерото“ - еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро во Радожда
-

Труп на човек пронајден во Вардар кај Демир Капија, телото на обдукција
-

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“
-

Јаневска: Од понеделник законот за високото образование ќе оди во владина процедура, сите контруктивни забелешки се или ќе бидат прифатени
-

Променливо облачно и потопло време до средината на следната седмица
-

Мицкоски: Исполнети се условите да ги намалимe aкцизитe зa дизeлoт зa 4, а на бензините за 2 денара по литар
