Македонија
21. January 2021 - 16:37

Усвоен законот за попис - опозицијата ја напушти салата

Со 62 гласа за и со Бадентерово мнозинство Собранието го донесе законот за попис на населението по 7 дена откако заврши расправата по овој закон. За законското решение гласаа пратениците од коалицијата на СДСМ и од ДУИ, како и алабнските опозиционери Алтернатива и Алијанса на Албанците и покрај нивните забелешки.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не беше присутна во салата, а дека се противи на ваквиот попис ставот преку процедурална забелешка го искажа координаторот. Според Мицевски доказ дека постои договор меѓу СДСМ и ДУИ за пописните резултати е и врзаниот потпис на директотот на Државниот завод за статистика и неговиот заменик Албанец за сите документи врзани со пописот. 

По стапувањето на сила на законот, во рок од еден месец Државниот завод за статитстика треба да ја изготви точната методологија на попишувањето, како и прашалникот. Пописот треба да се спроведе од 1-ви до 20-ти април и тоа теренски со попишувачи и електорнски со користење на податоци од државните бази. 

Лицата кои нема да бидат затечени дома ќе можат да бидат попишани од нивни блиски преку давање на матичен број. Државјаните пак, кои се надвор од државата ќе може да се попишуваат преку електронска пописница.

ВМРО-ДПМНЕ веќе најави дека по донесувањето на овој закон ќе почне со собирање на најмалку 10.000 граѓански потписи за поднесување на предлог закон за укинување на овој попис, а најави и дека нема да ги почитува резултатите добиени од него. Од власта пак, уверуваат дека пописот ќе биде реален и ќе биде исклучиво статистичка, а не политичка операција.