-->
-->
Утре авионско прскање против комарци во општините Велес и Чашка
-->
Со контрола од стручно лице од Центарот за јавно здравје, утре во раните утрински часови од 5 до 6:30 часот во Велес и околината ќе се изврши трето авионско третирање против комарци.Како што информираат од Општина Велес, третирано ќе биде подрачјето на езерото „Младост“, селото Отовица, месноста Јарбош, течението на Вардар од север од Башино село низ Велес до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари.
На запад границата на третираното подрачје започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и селото Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото подрачје на градот и околината, како и целото течение на реката Вардар. И годинава активностите се спроведуваат на целото подрачје на езерото „Младост“ со непосредната околина.
Во утрински часови од 5 до 8 часот утре на територијата на Општина Чашка, пак, ќе се изврши второто авионско прскање против комарци за оваа година.
Како што информираат од Општина Чашка прскањето ќе биде со широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.
И од двете општини со предупредување до пчеларите да ги затворат кошниците со пчели три до четири часа пред и по прсакањето, поради можност од дејство на средството за прскање на пчелните семејства.
Доколку временските услови бидат неповолни авионското прскање во двете општини, како што се посочува, ќе се изврши наредниот ден на 14 јули
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос
-

Иран објави три црвени линии во преговорите со САД
-

ЈПДП: Лентите за MTAG од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Автомобил се преврте на штипската улица „Панче Караѓозов“, по што заврши во двор на една од куќите
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
