Утре почнува зимското сметање на времето
Летното сметање на времето завршува утре изутрина во 03:00 часот, поместувајќи се еден час наназад, со што почнува зимското сметање на времето.
-Согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр63/23), летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03h 00min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00 min 00 s се смета како 02h 00min 00s. Согласно Одлуката, започнува зимско сметање на времето, се наведува во соопштението од Министерството за економија.
Законот за сметање на времето налага потреба од донесување на Одлука за воведувањето на летното сметање на времето.
Оваа Одлука, како што е наведено во соопштението, е во согласност со член 5 од Директивата 2000/84/ЕС на Европскиот парламент и на Советот од 19.01.2001 година за договорите за планот за летното сметање и Информацијата на Европската Комисија во сообразност со член 4 од Директивата, објавена во Службениот весник на ЕУ бр. C 61, 17.2.2016.
-Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Северна Македонија за асоцирање кон Европската Унија, какои водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање, велат од Министерството за економија.
Посочуваат дека со ова се води сметка за непречено функционирање на внатрешниот и надворешниот пазар, олеснување на транспортот и комуникациите и географската положба, намалување на стопанските и нестопанските влијанија а посебно врз: користењето на електричната енергија, здравјето на човекот, работната способност, начинот на живеењето, земјоделството, заштитата на животната средина, безбедност во сообраќајот, туризмот и индустријата.
Во Република Северна Македонија важи средноевропското зонско време.
Ново на Сител
-

Мерц најави крај на рецесијата: Германската економија влегува во фаза на засилен раст
-

Двајца од осомничените за планираното палење фабрика за дронови во Словачка се Летонци, а третиот е Украинец
-

„Денови на Света Мајка Тереза“ по повод 10 години од нејзината канонизација
-

Во село Гари отворена спомен соба на копаничарот Петре Филиповски - Гарка | ФОТО
-

Не мислам дека врховниот лидер на Иран е мртов, туку дека е тешко ранет, вели Трамп
-

Над 90 илјади невработени, повеќе од 100 илјади работат на црно - Нoви податоци на ДЗC
-

Над 20 пожари на отворено, Китка сè уште гори – Ангелов оптимист за ставање под контрола
-

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран во Бугарија
