Македонија
29. March 2021 - 15:19

Утре седница на Советот за безбедност за состојбата со пандемијата

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски утре ќе се одржи 12-та седница на Советот за безбедност на Република Македонија. Тема на седницата ќе биде актуелната состојба поврзана со пандемијата.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот, покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

-На седницата ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Македонија и мерките и активностите на надлежните институции, информираат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.