Утврдена стандардизирана регистрација на мигранти долж западно-балканската рута

Стандардизирана регистрација на мигранти долж западно-балканската рута денеска беше договорена на работниот состанок на директорите на полициите на Македонија, Австрија, Словенија, Хрватска и Србија.
Директорот на Бирото за јавна безбедност Горанчо Славовски на прес конференција по состанокот информира дека било утврдена неопходност за стандардизација на регистрација на мигрантите долж рутата и воспоставување јасни и заеднички критериуми.
- За таа цел е неопходно да се усогласиме за стандардите на регистрациските методи и постапки. Тоа вклучува подготовка на стандардни документи кои треба да се издаваат од сите засегнати страни долж западно-балканската рута. Регистрираните мигранти да се складираат во националните бази и да се врши навремена размена на тие податоци, нагласи Савовски.
На состанокот претставниците на полициите ја претставиле состојбата со мигрантите на нивните граници и на начинот со кој тие се справуваат, како и потребата за заеднички, координиран и усогласен пристап од сите земји од западно-балканската рута на движење на мигрантите.
- Соработката помеѓу полициските служби на земјите од регионот е добра и ќе продолжи во натамошно продлабочување. Константиравме дека брзата и навремена размена на информациите за случувањата долж мигрантската рута, како и воведување мерки и процедури со соодветен рок на имплементација на тие процедури е клучна за избегнување на тензичните ситуации на граничната линија и за ефикасно управување со миграциските текови, истакна Савовски.
На лицата кои што немаат патни документи, носат фалсификувани патни документи или кои што даваат погрешни информации за идентитетот или земјата од која што доаѓаат, како што рече, нема да им се овозможи транзит.
- На денешниот состанок заеднички констатиравме дека распоредувањето на странските полициски службеници на нашата јужна граница спрема Република Грција дава позитивни резултати и во иднина ќе продолжи, рече Савовски и додаде дека оваа регионална иницијатива останува отворена за приклучување на полициските службеници и од другите земји кои што се засегнати од овие миграциски текови.
Заменикот директор на австриската полиција генерал Франц Ланг рече дека е неопходно да се работи заеднички за намалување на приливот на луѓе кои имаат мали или никакви шанси да добијат право на азил.
- Изминатите пет месеци транзитирале околу 780 илјади лица, а во последните 13 месеци има речиси 100 илјади баратели на азил во Австрија. Нашите власти минатата недела донесоа одлука за намалување на квотата на азиланти на 37.500 лица, рече Франц Ланг, додавајќи дека моментално Австрија е втора најмногу засегната земја во Европа.
Шведска има 16 баратели на азил на илјада жители, Австрија околу десет, а Германија околу седум, појасни тој.
Според него, крајно време е да се утврдат заедничките стандарди за регистрација на мигрантите со цел размена на тие податоци. Тој ги поздрави напорите на Македонија и најави дополнителна поддршка во опрема, техника и персонал за следните чекори.
Ново на Сител
-

По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
-

Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање
-

A1 Групацијата го забрзува ICT растот: Вештачката интелегенција и Cloud во центарот на дигиталната трансформација
-

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно девојче пренесено во болница
-

Силувал малолетничка, ја демнел и барал експлицитни фотографии од неа - приведен 17-годишен скопјанец
-

Уапсени тројца полски државјани откако провалиле во воени магацини, па се дале во бегство
-

Двајца ученици паднале од електричен тротинет пред основно училиште - едниот е тешко повреден
-

65-годишна велешанка прегазена од товарно возило
