Македонија
23. March 2023 - 16:33

„Ванчо Михајлов“ избришан, бугарските власти налутени

Контроверзниот бугарски клуб „Иван Михајлов“ повеќе нема да работи, по бришењето на истоименото здружение од централниот регистар. 

По оваа одлука, пристигнаа остри реакции од Софија. Бугарскиот претседател Румен Радев вели тоа нема да ја промени реалноста, дека во Македонија има бугарски Македонци. Вели нема да се откажат од барањето Бугарите да бидат впишани во македонскиот Устав, потенцирајќи дека тоа е дел од преговарачката рамка и од овие измени зависи европската иднина на Македонија. 

И бугарското МНР се закани дека за бришењето на бугарското здружение ќе ги известат партнерите во Европската комисија. Одлуката ја оценија како срамно однесување на македонските власти. 

Шефот на македонската диплматија не сака да се впушта во коментари пред да се одржат изборите во Бугарија. 

Владиното тело треба да се заседава следната недела и за вториот спорен клуб во Охрид кој го носи името „Цар Борис Трети“. Двете здруженија не ги променија имињата во рокот кој им беше даден согласно законот.