Вандализиран македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград
„Се уште неофицијално отворен, Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров во Благоевград. вчера беше предмет на вандализам од страна на непознат сторител/и на кого му смета се што е Македонско во Република Бугарија. Како што ни јавија нашите пријатели од Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права, во текот на вчерашниот ден беше извадена буквата М од насловот на Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров“, се вели од мејлот на АСНОМ.
Во мејлот се додава:
Овој чин на вандализам е напад на меѓуетничката толеранција во Европска Бугарија чија влада не ги осудувува ваквите акти на меѓуетничка нетрпеливост и со самото тоа се става на страната на чинителите на ваковиот вандалски чин.
Од друга страна, нашата валада, мирно и кротко си молчи на агресивната етничка нетрпеливост манифестирана против Македонците во Бугарија, ефективно спроведувајќи го Бугарскиот Догвор, точката 11 алинеја 5 од истиот. Со тоа, владата на земјата чие име Северна го мразиме, се става на страната на тие што ја подгреваат етничката нетрпеливост во Бугарија.
НовАсном смета дека негувањето на врските со нашите роднини и пријатели од Пиринска Македонија како и нивно помагање е единственото решение во услови кога нашиот идентитет е нападнат по сите основи од Република Бугарија.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност