-->
-->
Вардар го пречекува Малме во реваншот од второто квалификациско коло за ЛШ
-->

Македонскиот првак Вардар е домаќин на шведскиот првак Малме во равнш натпреварот од 2.коло во квалификациите за фудбалската Лига на шампиони.
Вардар на овој дуел влегува со активен резултат 1:1 остварен на првиот меч на Шведска одигран пред шест дена. „Црвено-црните“ вчеравечер го имаа последниот тренинг на кој се воигруваа неколку варијанти.
Тренерот Гоце Седлоски е оптимист дека Вардар има квалитет и добар резултат од Шведска за да излези како вкупен победник од овој двомеч и да се пласира во 3.коло.
-Ќе дадеме се од себе за да оствариме добар резултат и да се пласираме во следната рунда. Ова ќе биде можеби потежок натпревар од првиот, но ние сме подготвени, изјави Седлоски.
Натпреварот Вардар – Малме ќе се игра попладне со почеток од 18 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.
Покрај овој натпревар во текот на денешниот ден ќе се одиграат уште шест од втората рунда во квалификациите за елитното натпреварување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Полициски пресретнувач го сними со 188 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово: Уапсен 27-годишник од Гостивар
-

Форензичката психијатрија во фокусот на меѓународна конференција во Охрид
-

Уапсен 20-годишен кавадарчанец, поседувал марихуана
-

Ги погоди сите седум броеви и стана мултимилионер: Германец освои 120 милиони евра на Евроџекпот
-

Данска воведува построги правила во училиштата: Наставниците ќе можат физички да интервенираат против учениците
-

Трамп разговара со Русија и Кина за денуклеаризација
-

Гаши се сретна со претседателот на Претставничкиот дом на Холандија, Том Ван Кампен
-

Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти во август
