Loading Video...
Ракомет
15. August 2020 - 16:40

Вардар и Еурофарм Пелистер по потврда на меѓусебното финале на на турнирот во Струга

На 48-то издание на традиционалниот струшки ракометен турнир денеска се играат последните натпревари од групната фаза по што ќе бидат познати и двојките за утрешните завршни дуели.
 
Главните фаворити за трофејот на годинашното издание на турнирот во Струга, екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер, денеска се очекува само формално да го потврдат првото место во своите групи, а со тоа и меѓусебната пресметка во утрешното финале. 
 
Вардарци вечерва играат против скопски Бутел дуел во кој влегуваат како апсолутни фаворити, додека истата улога битолски Еуофарм Пелистер ја има во мечот против домаќинот Струга. 
 
Утре на програмата се дуелите за пласман, а почетокот на финалниот меч е закажан за 21 часот и 15 минути.