Ракомет
10. December 2019 - 15:54

Вардар сигурен четвртфиналист во СЕХА лигата

 
 
 
 
Со победата над Татран Прешов, ракометарите на Вардар го обезбедија 1.место во А групата, а со тоа го потврдија и пласманот во четвртфиналето на СЕХА лигата. 
 
Актуелниот СЕХА првак Вардар го победи Татран Прешов со 28-26 во последниот меч во оваа календарска година пред домашната публика во „Јане Сандански“. 
 
Со тоа вардарци ја осигураа првата позиција која носи директно учество во четвртфиналната рунда, за која шанса, но како второ пласиран има и составот на Мотор Запорожје. 
 
„Бевме во мала криза во првиот дел. Во вториот дадовме максимум и со победа ја завршуваме оваа 2019 година, на домашен терен, и го обезбедивме првото место“, изјави по мечот крилото Димитар Димитриоски. 
 
Во последното коло Вардар гостува кај Нексе во Хрватска на 15 декември. 
 
Утре пак, Еурофарм Работник ќе го одигра претпоследниот меч и тоа во Унгарија против Веспрем кого го совлада во Битола (26-24), по што и во последниот следува гостување во Москва кај Спартак на 15 декември.