Кошарка
17. September 2020 - 10:20

Вардар со пораз ја започна сезоната во Лигата на шампионите

Сеуште актуелен европски првак Вардар со пораз од Мешков ја започна новата сезона во Лигата на шампионите,
 
На натпреварот одигран во Брест, ракометарите на Вардар беа поразени од Мешков со 24-22. Во првиот дел белорускиот тим имаше и највисоки четири гола предност, но на одмор се замина со 12-10 за Мешков. 
 
Со два гола во низа Мешков на почетокот на вториот дел одново дојде до +4 (14-10), но црвено-црните со серија од 7-1, не само ушто успеаја да се вратат во игра туку и поведоа со два разлика 17-15. 
 
Во завршните три минути се влезе со израмнет резултат 22-22, но до крајот на мечот вардарци не успеаја да постигнат гол, а противникот даде два, па Мешков заслужено се радуваше на победа со конечни 24-22. 
 
Вујин со шест и Дисингер со четири гола беа најефикасните ракометари кај Вардар, кој во следното коло во Скопје го прелекува норвешкиот Елверум.