Loading Video...
Ракомет
6. December 2019 - 14:31

Вардарци против Татран за потврда на четвртфиналето во СЕХА лигата

Актуелниот европски и регионален СЕХА шампион Вардар во понеделник ќе го одигра последниот меч на домашен во календарската година, 
 
Во Скопје, вардарци ќе ја пречекаат словачката екипа  Татран Прешов во меч од претпоследното коло од групната фаза во СЕХА лигата 
 
Црвбено-црните вече имаат обезбедено пласман во плај-офот, но посакуваат со победа да го осигураат првото место, а со тоа и директно да се пласираат во четвр4тфиналето. 
 
„Целта си ја исполнивме, влеговме во четвртфиналето на СЕХА, но остануваат уште два натпревари до крајот. Сакаме да победиме со Татран Прешов и со Нексе и нашата цел е првото место во групата“, изјави Кокшаров.
 
И крилото Димитар Димитриоски нагласи дека против Татран ќе се игра на победа. 
 
„ Сакаме со победа да ја завршиме 2019 година пред своите фанови. Ние сме Вардар, секогаш одиме да победиме и верувам дека сите што ќе играме, ќе да го дадеме максимумот“, изјави Димитриоски.
 
Натпреварот меѓу Вардар и Татран Прешов  ќе се игра в понеделник, а во последниот меч за 2019 година, на 15 декември Вардар ќе гостува кај Нексе