Вашингтон: Неприфатлива е еднострана офанзива на Турција против Курдите во Сирија
САД предупреди дека „едностраната“ офанзива на Турција за ликвидирање на курдската милиција во Сирија би била „неприфатлива“ и најави интензивирање на разговорите за да се спречат такви активности.
– Целосно веруваме дека секоја еднострана акција би била неприфатлива, изјави секретарот за одбрана Марк Еспер пред новинарите за време на на патувањето во Азија.
– Она што ние ќе го направиме е да спречиме еднострани инвазии кои повторно би нанеле удар на заедничките интереси на САД, Турција и Северна Сирија, рече Еспер.
Турција вчера ги повика САД да ја запрат поддршката за курдската милиција во северна Сирија.
– САД мора да го исполнат нашето барање и да ја запрат соработката со курдските Сили за заштита на народот, рече турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу пред новинарите во Анкара.
– Не можеме вечно да бидеме трпеливи. Во еден момент, нашето трпение ќе заврши, изјави во неделата турскиот претседател Реџеп Ердоган. Тој ја повтори својата закана, изречена пред 18 месеци, за започнување вооружена офанзива источно од реката Еуфрат против курдските народни одбранбени сили. Тој истакна дека за акцијата се веќе информирани САД и Русија.
– Влеговме во Африн, Јараблус и Ал Баб. Сега ќе влеземе источно од Еуфрат. Тоа им го најавивме на Русија и САД, нагласи Ердоган.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата година најави дека американските сили ќе се повлечат од северниот дел на Сирија, САД и Турција склучија договор за создавање безбедносни зони во Сурија долж североисточната граница на таа земја со Турција, и според тој договор е предвидено во таа област повеќе да нема припадници на Силите за заштита на народот.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата