Вчера 841 сообраќаен прекршок на територија на цела држава, 214 за брзо возење

Во текот на вчерашните (07.04.) активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа констатирани 841 сообраќаен прекршок.
Согласно актуелните статистички трендови по однос на сторените прекршоци и натаму најбројни се прекршоците на непрописно паркирање 270, потоа санкционирани се 214 возачи за возење со брзина поголема од дозволената, како и 82 мерки за возење без возачка дозвола.
Вчера, покрај ова, изречени се пет мерки за возење под дејство на алкохол, шест санкции за минување на затворен сигнал, а прекршочни пријави заработиле и шестмина пешаци. Исто така по основ на неносење сигурносен појас изречени се 65 санкции, 28 мерки по основ на недозволено користење на мобилен телефон при возење, а санкционирани се и шестмина мотоциклисти заради неносење заштитна кацига.
Согласно, пак, Законот за возила од сообраќај се исклучени 17 нерегистрирани возила како и осум технички неисправни возила.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. вести и билтени.
Ново на Сител
-

Приведени малолетници, превезувале мигранти од Египет
-

Над 16.000 сообраќајки и 27.000 лица со последици за четири години, „Безбеден град“ како решение за неодговорното возење
-

Во цела држава утринските температури над нула
-

Велика Британија и Франција извршија напад врз локација на ИД во Сирија
-

Премиерот Мицкоски на отворање градинка во Сопиште
-

Мадуро префрлен во притворски центар во Њујорк
-

Сеул: Северна Кореја истрела балистички ракети кон Источното Море
-

Приемот на Бугарија во Еврозоната може да доведе до нова должничка криза по грчкиот пример
