„Вечер на руска музика“ во Скопје

Во Македонската опера и балет вечер ќе се одржи „Вечер на руска музика“. Учесници ќе бидат млади македонски музичари, како и реномираниот ансамбл од Русија „Квинтет на четворица“ со солистката Олга Нефедова. Музичарите ќе исполнат класични дела од руската народна и академска музика.
Ансамблот „Квинтет од Четворица“ е формиран во 2009 година од студенти на факултетот за народни инструменти на Санктпетербуршкиот конзерваториум. Учесниците на овој ансамбл се здружиле со заедничка идеја за враќање на народните инструменти до широкиот круг слушатели, со изведување современа и актуелна музика. Тие свират кросовер, стил кој е популарен во сиот свет, мешајќи го со класични и со современи музички елементи. Ансамблот мошне бргу добил на популарност, од големите концертни сали, па се до клубовите и различните арт-простори.
Музичарите од ансамблот постојано трагаат по својот звук и стил. Досега имале повеќе успешни настапи, во концертната сала на Мариинскиот театар, во Големата и во Малата сала на филхармонијата „Шостакович“, во Петербуршката капела, Театарот на естрадата „Рајкин“, во Академијата „Гнесини“ (Москва), во Центарот за музичка култура „Сергеј Рахманинов“ (Велики Новгород) и други.
Познанството со младата оперска певица, дипломецот на Московскиот конзерваториум, Олга Нефедова го инспирирала ансамблот при создавањето нова програма во која влегуваат романси од најголемите руски композитори Рахманинов, Варламов, Аљабева.
Ново на Сител
-

Кривична против 74-годишен маж кој нападна 10-годишно девојче во Центар
-

Приведен скопјанец по кражба на паричник од 72-годишна жена
-

Лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести
-

Мицкоски: По две години успеваме да го консолидираме и земјоделството каде што наследивме катастрофа
-

Путин му го честиташе на Трамп Денот на независноста
-

Пожарот во Пробиштипскиот регион е изгаснат, изгорени овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа
-

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
