-->
-->
Вечерва се играат дуели од 3. коло во ЛШ
-->

По три неделна пауза во вторник и среда продолжува фудбалската Лига на шампиони. Вечерва најмногу внимание привлекуваат дуелите во Лион-Јувентус, Реал-Легија и Спортинг-Борусија Дортмунд, овој вториот бидејќи Кристијано Роналдо има можност да го постигне својот 100-ти гол во европските натпреварувања.
Дуелот со Јувентус е веројатно клучниот за Лион за пласман на едно од првите две места во Х групата. Лион, во првото коло го совлада Динамо, а во второто загуби од Севилја. Францускиот тим се наоѓа во лоша форма, во домашното првенство е на осмото место, а изминатиот викенд загуби од лидерот Ница.
Во вториот натпревар од групата Динамо во Загреб ќе ја пречека Севилја. Хрватскиот шампион нема освоено ниту бод во првите две кола, додека Севилја со четири бода го дели првото место на табелата заедно со Јувентус.
Реал, во Ф групата, ќе ја пречека Легија Варшава. Реал брка победа со која речиси ќе обезбеди пласман во нокаут фазата, а секој друг исход на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде рамен на сензација.
Кристијано Роналдо, во кариерата има постигнато 98 голови во европските натпреварувања и доколку на овој натпревар постигне два гола ќе стане првиот кој стигнал до бројката од 100 гола.
Спортинг и Борусија Дортмунд ќе играат во Лисабон, во дербито на оваа група. Борусија, слично како и Реал со победа рапидно ќе ги зголеми шансите за пласман на едно од првите две места во групата.
Спортинг е во добра форма, на последните четири натпревари нема пораз (три победи), додека Борусија по одличната серија и петте победи во кои постигнуваше најмалку три гола, во последните три натпревари не знае за победа.
Лидер во Е групата е Монако, тимот од кнежевството ќе гостува во Москва кај ЦСКА, додека Баер Леверкузен ќе го пречека Тотенхем.
Англискиот шампион Лестер, во деби сезоната во Лигата на шампионите, стартуваше со две победи, а во третото коло ќе го пречека Копенхаген, кој со четири бода е втор во групата.
Брижи и Порто ќе го одиграат вториот меч во оваа Г група.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ирански функционер: Иран се подготвува за одмазда, одговорот ќе биде катастрофален
-

Израел започна превентивен напад врз Иран, прогласи вонредна состојба
-

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран, цел е иранскиот претседателски комплекс
-

Трамп „не е задоволен“ од преговорите за нуклеарната програма на Иран
-

Ф1: Кадилак го именува својот болид по легендата Марио Андрети
-

Македонските кошаркари го совладаа Луксембург за трета победа во европските претквалификации
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

Мицкоски - Брунер: Остануваме посветени на градење силни и одржливи односи, засновани на меѓусебна доверба, почит и споделени европски вредности
