-->
-->
Велешка вечер: Промовирана книга и отворена изложба
-->

Во Ликовниот салон во Велес синоќа се одржа Велешка вечер на која беше промовирана книгата „50 години низ објективот на фотографскиот апарат на Боре Левков (1965-2015) и изложба на Љупчо Данов „Скици од стариот Велес“-цртежи со туш.
Како што информира Елица Николовска, директор на велешкиот Народен музеј, Левков со својот фотообјектив го забележува изгледот и случувањата во Велес низ пет децении наназад како и за потребите на велешкиот Народен музеј, а каде Левков работи од 1976-2001 година и е хроничар за сите настани на музејот и документација на сите одделенија. Воедно фотографира и во археолошкиот локалитет Стоби, а се тоа е претставено во оваа негова автобиографска книга.
Боре Левков во изјава за медиумите потсети дека тој во изминатите 50 години низ својот фотообјектив ги забележал сите поважни настани на Велес, сите градионачалници на Веле, збиднувањата на 50 Рацинови средби, а бил фотограф и за велешкиот весник „Вардарски глас“.
Љупчо Данов низ своите цртежи со туш „Скици од стариот Велес“ веќе 25 години ги црта старите велешки куќи со прекрасна стара велешка архитектура .
Како што потенцира Данов, неговата желба е да се зачува големото архитектонско наследство на Велес. - Јас со љубов 25 години ги цртам старите велешки куќи, но за жал во изминатите 25 години 70 проценти од тие куќи веќе ги нема освен на старите велешки фотографии или на моите слици, а мојата цел преку оваа изложба е да ја зачувам од заборав токму прекрасната стара велешка архитектура, потенцира Данов.
Досега Љупчо Данов учествувал на повеќе групни изложби и една самостојна во Општина Чашка, а многу од своите цртежи ги подарил во добротворни цели. Воедно многу негови дела ги красат домовите на велешките иселеници во САД, Канада, Австралија и цела Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
