Loading Video...
Ф1
25. October 2021 - 12:05
Верстапен пред Хамилтон го освои американското Гранд-при
Макс Верстапен прв ја мина целната рамнина на патеката во Оустин, Тексас и го освои американско Гранд-при.
Возачот на Ред Бул ја искористи пол-позицијата и во најголемиот дел од трката беше на лидерската позиција, која очекувано во самиот финиш ја загрози неговиот главен конкурент за титулата и актуелен шампион Луси Хамилтон од Мерцедес.
Сепак Британецот, не успеја да го мине Верстапен и да му ја оспори победата, која е осма за Холанѓанецот сезонава.
Место на пиедесталот избори и Серхио Перез од Ред Бул.
На пет трки до крајот на сезоната лидерот во Генералниот пласман, Верстапен ја зголеми предноста во однос Хамилтон на 12 бодови.
Следната трка на програмата е на 7 септември кога ќе се вози Гранд-прито на Мексико.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->