Loading Video...
Ф1
24. October 2021 - 15:02

Верстапен пред Хамилтон на стартот на американското Гранд-при

Вечерва од 21 часот на патеката во Оустин, Тексас ќе се вози 17-та трка во Формула 1 шампионатот, односно американско Гранд-при. 
 
Лидерот во генералниот поредок Макс Верстапен од тимот на Ред Бул ќе ја има првата стартна позиција, а веднаш зад Холанѓанецот ќе биде неговиот главен конкурент за титулата и актуелен шампион Луси Хамилтон од Мерцедес. 
 
Од вториот трката ќе ја започнат Серхио Перез од Ред Бул, Чарлс Леклер на Ферари. 
 
Во пресрет на вечерашната трка, Верстапен има само шест (6) бодови повеќе од Хамилтон.