Loading Video...
Ракомет
19. October 2019 - 19:18

Веспрем ја наполни мрежата на Вардар за втор пораз на шампионот

По трите победи на почетокот на новата сезона, европскиот шампион Вардар го претрпе и вториот пораз во низа во ракометната Лига на шампиони. 
 
Во реприза на финалето од минатата сезона македонскиот и актуелен европски првак Вардар е поразен од Веспрем. Ниту новиот тренер Едуард Кокшаров не им помогна на црвено-црните да го избегнат поразот од Веспрем со 39-30 во меч од 5.коло на Б групата. 
 
Вардарци добро го отворија мечот и до 6.минута имаа гол предност 4-3. Следуваше серија на Веспрем од 6-1, па во 12.минута унгарскиот им имаше 4 гола предност, а пет минути подоцна и највисоки +5, за на полувреме да замине со водство од 21-17 
 
Во ист ритам мина и вториот дел, па на крајот Веспрем се радуваше на својот трет триумф со конечни 39-30 Најефикасен кај Вардар  беше Тимур Дибиров со 8 , додека Кристијан Дисингер постигна  5 гола. 
 
Покрај овој меч во рамките од Б групата се одиграа и останатите три средби: Порто – Мотор Запорожје 35-35, Мешков Брест – Килце 27 – 31 и Монпелје – Кил 30-33
 
ТАБЕЛА: 
1. Кил 9
2. Веспрем 6
3. Монпелје 6
4. Вардар 6
5. Килце 5
6. Порто 5
7. Мешков Брест 2
8. Мотор Запорожје 1   
 
Во следното 6.коло Вардар на 3 ноември ќе биде домаќин  на Мешков Брест