Фудбал
8. August 2020 - 9:31

Вест Хем е подготвен да го продаде Рајс за 100 милиони фунти

Премиерлигашот Вест Хем е подготвен да го продаде играчот од средниот ред Деклан Рајс. Раководството на клубот бара 100 милиони фунти за фудбалерот, објави „Скај Спорт“.

Дваесет и едногодишниот Англичанец го бараат Манчестер сити и Манчестер јунајтед.

Рајс оваа сезона има одиграно 26 натпревари во Премиер лигата, постигна еден гол и четири асистенции.