Loading Video...
Фудбал
4. December 2021 - 17:51

Вест Хем го доби дербито против Челзи

Фудбалерите на Вест Хем се радуваа на пшобеда против Челзи во дерби дуелот од 15.коло на Премиер лигата. 
 
Иако водечката екипа на табелата, Челзи во два наврати со головите на Силва и Маунт имаше водство од 1-0 и 2-1, сепак домаќините успеаја да направат комплетен резултатски пресврт. За тоа се погрижија Ланзини и Бовен кои го израмнуваат резултатот, додека Артур Масуаку со голот во 87-минута му додесе триумф на Вест Хем кој се зацврсти на четвртото место на табелата.