Ветеринарните комори на Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија ќе потпишат договор за соработка
Ветеринарните комори на Република Македонија, Република Србија, Република Хрватска и Република Бугарија денеска во Охрид ќе потпишат меѓународен договор за соработка.
Целта е континуиран развој на ветеринарната професија, подигање на нејзиниот дигнитет, здравје на животните и на луѓето, како и грижа за благосостојбата на животните.
Како што соопшти Ветеринарната комора на РМ која е и домаќин на настанот, со имплементацијата на овие активности коморите покажуваат желба за соработка на прашања од заеднички интерес на билатерално, регионално, европско и глобално ниво, како и на прашања за обезбедување информации важни за постигнување заеднички цели, поврзани со ветеринарната професија, етика и наука.
На настанот ќе присуствуваат делегации предводени од претседателите на ветеринарните комори кои ќе го потпишат договорот, претставници на ветеринарните комори од Унгарија, Албанија и Република Српска, амбасадори, како и претставници на науката и државни институции од Македонија: заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Власте Димковиќ, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и деканот на Ветеринарниот факултет во Битола Живко Гацовски.
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН