Македонија
15. August 2020 - 19:31

Викендов богата културна туристичка понуда во Охрид

Охрид со бројни настани и манифестации ја проширува туристичката понуда. За прв пат овој викенд се одржува летно авто кино, вљубениците во уметноста од своите автомобили ја следат тридневата проекција . Од Културолошката иницијатива 5 до  12 велат дека заинтерисираносат е огромна но согласно пропишаните протоколи и мерки за заштита од Ковид- 19 бројот на посетители е ограничен  а на самиот влез им се  мери и температура.

Во недела пак на градското пристаниште, познатиот бенд „Камелеон“ ќе приреди музичко доживување, Езерска рок симфонија, надополнета со камерен оркестар и гости. Публиката настанот ќе може да го следи од Езерото на пловни објекти.Концертот ќе добие хуманитарна нишка, и во рамките на истиот ќе се собираат средства за помош на Трајан Целески- Тачо.

Организаторите ги предупредуваат посетителите на задолжителните мерки за заштита од коронавирусот, носење заштита опрема, и  следење на препораките на редарите.