Македонија
8. March 2024 - 11:44

Викендов променливо облачно со сончеви периоди и пораст на дневните температури

Во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, а претежно во планинските региони ќе има услови за локален дожд.

За време на викендот ќе започне да дува засилен јужен ветер и дневната температура ќе биде во пораст.

Нестабилно време со повремено пороен дожд проследен со грмежи ќе има на почетокот на следната
работна недела.