Викендов во Скопје 32 сообраќајки со 15 повредени

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 32 сообраќајни незгоди од кои во една со потешки повредни се здобило едно лице, во 10 сообраќајки полесно се повредени 14 лица, а 18 поминале само со материјална штета.
Сообраќајната полиција на 27 мај, петок, изврши увид на 18 сообраќајни незгоди. Од нив, 11 се со последица материјална штета, а во седум со полесни повреди се здобиле седум лица
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, на 28 мај, сабота, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди, од кои четири се со последица материјална штета, а во четири со полесни повреди се здобиле четири лица. Случена е и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а возачот на патничкото моторно возило поминал со полесни повреди.
Вчера, 29 мај, извршен е увид на вкупно пет сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле две лица.
Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 119 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 27 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, тројца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи поминале на црвено светло на семафор и девет возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.
Затекнати се и осум возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не носеле заштитен шлем.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот на изминатите три дена отстранети се 84 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Ново на Сител
-

Кампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш
-

УЕФА ги повика членките на итен состанок, меѓу темите и можен бојкот на Светското првенство
-

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија
-

Деветгодишно дете тешко повредено во судир со автомобил додека возело електричен тротинет
-

Им ветил заработка од криптовалути, двајца скопјани измамени за 2,3 милиони денари
-

Герасимовски: Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик
-

Годинава ќе заврши подготовката за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево
-

Мицкоски: Со ребаланост во буџетот ќе ги исплатиме наследените долгови во земјоделството
