Виктор Петковски го фати Светиот крст во Куманово
Виктор Петковски (22) е кумановецот кој го фати Светиот крст во базенот на Соборниот храм Свети Никола во Куманово.
Петковски скока по крстот седум пати. Пред две години имал среќа да го фати.
- За сите христијани очекувам здравје, среќа и благослов. Ова ми е седми пат, на петти пат го фатив тука, сега повторно. На младите им порачувам да се охрабрат, времето не е ладно, Господ дава топлина, изјави Петковски.
Од свештеништвото на Соборниот храм доби икона и свет крст, како и накит од кумановската златара.
Во Соборниот храм „Свети Никола“ претходно се одржа и света божествена литургија по повод празникот Богојавление Водици со која чиноначалствуваше митрополитот на кумановско-осговската епархија г. Јосиф. Верниците присуствуваа на литургија, дел од нив пресекоа славски колач, си зедоа осветена вода, се помолија за здравје, мир и благосостојба.
И во останатите цркви во Куманово се фрлаше светиот крст. Во храмот света Тројца во Куманово чествувањето на Водици почна со света божествена литургија на која присуствуваа голем број верници. По литургијата и оветување на водата во дворот на црквата, беше фрлен светиот крст, а среќникот кој го фати беше триесетгодишниот Ненад Тодоровски.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст