Loading Video...
Спорт плус
15. August 2020 - 16:28

Вињалес ќе ја има пол-позицијата на австриското Гранд-при

 
Шпанецот, Маверик Вињалес оствари најдобро време во денешните квалификации за австриското Гранд-при во Мото ГП шампионатот. 
 
Возачот на Јамаха, беше најбрз на патеката „Ред Бул ринг“ и заслужено стигна до својата 21-ва пол-позиција во кариерата. 
 
Во првиот стартен покрај Вињалес че бидат и Џек Милер на „Прамак Дукати“, односно водечкиот во генералниот пласман, Фабио Квартараро од „Петронас Јамаха“.
 
Андреа Довициозо за кого денеска беше потврдено дека ќе го напушти тимот на „Дукату“ ќе ја има четвртата стартна позиција, пред членот на „КТМ“, Пол Еспаргаро и Жоан Мир на „Сузуки“ кои ќе го пополнат вториот стартен ред. 
 
Трката за Големата награда на Австрија на програмата е утре со старт од  14 часот.